fbpx

Вашингтон пост: Лицето кое ги сподели американските тајни документи е осамен млад ентузијаст за оружје

О.Г. испратил стотици други пораки кои, според член на групата, изгледале како транскрипти од доверливи разузнавачки документи за кои тој тврдел дека ги донел дома од својата работа во „воена база“

-

Лицето кое стои зад масовното протекување на тајните на американската влада е осамен млад човек во 20-ти години, ентузијаст за оружје, кој споделил високо доверливи документи со група познаници за време на изолацијата во пандемијата, пишува Вашингтон пост.

Минатата година, лицето кое некои го нарекуваат со псевдонимот „ОГ“ објавил порака исполнета со чудни акроними и жаргон. Зборовите биле непознати, а малкумина ја прочитале долгата порака, објасни еден од членовите. Но, тој го почитувал О.Г., постар водач на нивната група која ја сочинуваат претежно мажи и момчиња, кој тврдел дека ги знае тајните што владата ги крие од обичните луѓе.
О.Г. потоа испратил стотици други пораки кои, според член на групата, изгледале како транскрипти од доверливи разузнавачки документи за кои тој тврдел дека ги донел дома од својата работа во „воена база“.
О.Г. велел дека минувал барем дел од својот ден во обезбеден објект каде биле забранети мобилни телефони и други електронски уреди што може да се користат за документирање доверливи информации сместени на владините компјутерски мрежи и во групата кажал дека поминувал часови пишувајќи ги доверливите документи за да ги сподели со своите познаници на Дискорд серверот што го контролира.

Аферата со протечени документи се зголемува – мошне сигурно дека барем дел се манипулирани

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...