fbpx

Денеска нè очекуваат снег, дожд и ниска температура

-

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, со врнежи претежно од снег, особено во источните делови од земјата.
Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 Целзиусови степени, а дневната од нула до 6 степени.

Во Скопје се очекува претпладне повремено да има слаби врнежи од снег, а во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 1 Целзиусов степен, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и суво време со утринска температура пониска од нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...