Black Desert Оnline на бесплатна промоција и има нова класа наречена Woosa

Hassassin скриншот од играта Black Desert Online Remastered од фирмата Pearl Abyss
Hassassin скриншот од играта Black Desert Online Remastered од фирмата Pearl Abyss

Black Desert Online Remastered е една од најимпресивните игри што се однесува до MMORPG жанрот со добра графика и атрактивен комбат. Затоа бара и добар компјутер. Овојпат играта можете да ја земете бесплатно во наредните 20 дена ако направите сосема нов трајл акаунт и го кренете ликот само до левел 20. Ова е поприлично лесна задача што можете да ја завршите за половина час обично грајндање или малку подолго со правење квестови или комбинирано со двете активности. Потоа добивате бесплатна копија на играта и вашиот акаунт се надградува од трајл во полноправен нормален акаунт и можете да ја играте играта исто како да сте ја купиле. За оваа игра нема месечни претплати.

Исто така друг важен новитет е што има нова класа во играта, а тоа е девојката наречена Woosa повелете и погледнете го најновиот трејлер за класата: 

Woosa e азиска убавица која користи магична лепеза како главно оружје и е кастер на различни магии со ветришта што засекуваат, свормови од пеперутки кои ги дообликуваат нејзините магии и кратки но колосални бури со истурање на дожд и громови во поголем радиус со кои можете да елиминирате поголеми групи инстантно. Нејзините движења и доџови се вид на блинкови со кои исчезнува и се појавува на кратка дистанца во правецот во кој ќе ја насочите за да избегнува напади од непријатели, но и како кул додаток за нормалното нејзино движење. Класата е интересна затоа што комбинира и со напади од блиску од кои еден е вадење на антички скрол и правење ритуална брза магија со уништување на скролот од којшто лета шадоу енергија накај непријателот. Има и AOE напади од далеку што потсетуваат на моќните магии на Wizard и Witch кои во играта ги имаат релативно истите спелови и скилови за кастање со таа разлика што Вештерката е за нијанса подобра од Волшебникот. Но AOE нападите или Area of Effect нападите кај Woosa изгледаат поинтензивни и помоќни додека кај Wizard и Witch не се со толкав инстант интензитет како кај подинамичната Woosa. Класата е достапна и во нормално играње и во новата сезона. И како и сите класи е „џендер локд” односно се игра само со женски лик додека други класи се играат само со машки ликови. 

Што се однесува до евентите веќе се најавени детално многу настани во играта со многу награди за збирање. Сите што подолго играат Black Desert Online Remastered знаат дека навистина не треба да се пропуштаат Daily Login наградите поради три вредни ресурси, а тоа e затоа што понекогаш има големи количини на Cron Stones, специјални драги камења што ви помагаат да не опадне левелот на опремата што ја надградувате или барем се обидувате да ја надградите. Вториот вреден ресурс се Inventory Slot-овите што повремено излегуваат, а некогаш се и по 8 одеденаш и најдобрата награда се ковчезите со комплетни Сетови на скинови, понекогаш класични, понекогаш специјални. Исто така мора да се споменат и Shakatu coins што служат за оклоп за коњи со посебни скинови и како последно важни, минипетовите што доколку ги нахраните и ги држите во најадена состојба ви збираат злато и дропови додека грајндате во одредена зона. Сите овие споменати награди фигурираат во новите евенти и се меѓу најпосакуваните, но исто така се нудат и нови ресурси секоја нова сезона- најчесто нов тип на магични драги камења што може да ги заменувате за различни работи. 

За Black Desert Online Remastered имаме повеќе написи кои ви препорачуваме да ги прочитате ако сакате да си ја направите оваа игра „главна“ во следниот празничен период па и понатаму. Сите наведени информации ќе ви помогнат да се снајдете во светот и да имате поголема ориентација и сфаќање на играта. Ова е добра шанса да ја добиете оваа игра бесплатно.