fbpx

Претседателот Пендаровски, како и министрите Тренчевска и Бочварски положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 119-годишнината од неговата смрт.

„Гоце Делчев својот живот го подари на највисоката кауза за национална и социјална слобода и со право претставува стожер врз кој ја градиме македонската државност и самобитност. Слава му!“, напаиша претседателот на Фејсбук додавајќи дека Делчев не е само апостол на македонската револуција туку е и светски хуманист со високи интернационални и космополитиски погледи.

Премиерот Димитар Ковачевски кој денес не е во Скопје, на Фејсбук, меѓу другото напиша дека на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев ги чествуваме неговиот живот и дело како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација и оддаваме почит кон неговиот историски придонес за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава.

„Неговата порака за светот како поле за културен натпревар меѓу народите до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти. Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици за создавање на самостојна држава“, порача Ковачевски.

Во име на Владата цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија министрите Јованка Тренчевска и Благој Бочварски, како и заменик министерот Беким Реџепи.

„Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност“, соопшти Владата.

Во име на Собранието на Македонија цвеќе положи потпретседателот Горан Мисовски.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мискоски денес е во Карбинци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Украинците – топовско месо“ е дезинформацијата на Москва за американската помош за Украина

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои...