Нашите натпреварувачи во “Кантестрајк” се квалификуваа за Светското првенство во Израел што ќе се одржи на 16 ноември. Исто така, имаме и натпреварувач што ќе се натпревавува во eфудбал.
Досега нашите натпреварувачи го тестираат своето знаење и вештини во „Кантерстрајк“ на национално, балканско и европско ниво – неодамна наш тим на гејмери победија на Европскиот куп на нации.
Иако националните натпревари се различни и со помали парични награди од поофицијалните светски натпревари, сепак се значаен успех и од тој карактер ќе биде и Светското првенство во Израел.
Еве што велат од Македонската еспoрт федерација на Facebook :
Македонската еспорт федерација оди во Израел!
Најдобрата CS:GO репрезентација и најдобриот ефудбалер ќе не претставуваат на 13то Светско првенство.
Составот за CS:GO репрезентацијата е следен:
Јане “aidKiT” Апостолоски
Дамјан “kyxsan” Стоилковски
Александар “CacaNito” Ќулукоски
Павле “stYleEeZ” Стојановски
Кристијан “fodor” Поповски
A во eFootball PES2022 ќе не претставува Давид Гаревски.
Еспортот постојано расте и потенцијалот е повеќе од очигледен. Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport го поддржува овој подвиг и верува во потенцијалот на Еспортот во нашиот регион! Нашите млади репрезентации добиваат шанса да учествуваат на интернационални настани и да градат кариери како професионални гејмери!
Дали сте спремни за навивање? Ние едвај чекаме да дојде 16ти ноември и да ги бодриме нашите репрезентации!
Со среќа момци!
#НапредНаши🇲🇰
За повеќе информации и новости можете да го посетите веб сајтот на Македонска Еспорт Федерација каде има новости и за натпревари во други игри како Dota2 и Tekken 7.