Македонска Еспорт Федерација објавува дека нашите натпреварувачи се квалификувале за светско првенство во „Кантерстрајк“

Фото: Македонска Еспорт Федерација

Нашите натпреварувачи во “Кантестрајк” се квалификуваа за Светското првенство во Израел што ќе се одржи на 16 ноември. Исто така, имаме и натпреварувач што ќе се натпревавува во eфудбал. 

Досега нашите натпреварувачи го тестираат своето знаење и вештини во „Кантерстрајк“ на национално, балканско и европско ниво – неодамна наш тим на гејмери победија на Европскиот куп на нации.

Иако националните натпревари се различни и со помали парични награди од поофицијалните светски натпревари, сепак се значаен успех и од тој карактер ќе биде и Светското првенство во Израел. 

Еве што велат од Македонската еспoрт федерација на Facebook

Македонската еспорт федерација оди во Израел!

Најдобрата CS:GO репрезентација и најдобриот ефудбалер ќе не претставуваат на 13то Светско првенство.

Составот за CS:GO репрезентацијата е следен:

Јане “aidKiT” Апостолоски

Дамјан “kyxsan” Стоилковски

Александар “CacaNito” Ќулукоски

Павле “stYleEeZ” Стојановски

Кристијан “fodor” Поповски

A во eFootball PES2022 ќе не претставува Давид Гаревски.

Еспортот постојано расте и потенцијалот е повеќе од очигледен. Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport го поддржува овој подвиг и верува во потенцијалот на Еспортот во нашиот регион! Нашите млади репрезентации добиваат шанса да учествуваат на интернационални настани и да градат кариери како професионални гејмери! 

Дали сте спремни за навивање? Ние едвај чекаме да дојде 16ти ноември и да ги бодриме нашите репрезентации! 

Со среќа момци!

#НапредНаши🇲🇰

За повеќе информации и новости можете да го посетите веб сајтот на Македонска Еспорт Федерација каде има новости и за натпревари во други игри како Dota2 и Tekken 7.