Македонски тим на гејмери за првпат победи на Европскиот куп на нации

Фото: Фејсбук страница на Македонска Еспорт Федерација

Македонскиот тим од пет гејмери: Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Даниел “dan1” Глигоров, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Кристиан “Cryveng” Трпкоски победи во CS:GO на Европскиот куп на нации. 

Заедно со славата, нашиот тим освои и парична награда од 3.000 долари. Настанот European Nations Cup беше организиран од ESPORTS EUROPE и World Esports IESF International Esports Federation.

Последните партии како и победата можете да ги погледнете на следниов линк: https://www.twitch.tv/videos/1129281013.

Големата победа на тимот гејмери од земјава на Фејсбук ја одбележа и Македонската Еспорт Федерација, која напиша дека за првпат во историјата на Македонската Еспорт Федерација и македонската CS:GO сцена, освојуваме прво место на меѓународен настан.

„Желба за победа, мотивација, тимска игра и фокус на македонската кантер репрезентација се резултат за ова одлично одиграно европско првенство! Би сакале да им честитаме на нашите момци за успехот и да им посакаме повеќе среќа на претстојното Светско Првенство каде што се надеваме дека ќе не израдуваат повторно“, велат од Македонската Еспорт Федерација.