Скопскиот Кривичен суд, по распитот пред судија во случајот „Пуч“, на второосомничената, Соња Верушевска, сопруга на првообвинетиот, и на третоосомничениот, Бранко Палфиров, функционер во Општина Струмица, им одреди 30-дневен притвор.
На четвртообвинетиот во овој случај, Зоран Заев, одредена му е мерка за претпазливост, одземање на пасошот и треба еднаш неделно да се пријавува во струмичкиот суд.
Според МВР, со полициската акција „Пуч“ спречен е обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта. Првоосомничениот, поранешниот директорот на Управата за безбедност и разузнавање, Зоран Верушевски, веќе е во притвор.
За претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е поднесена кривична пријава.