Лавина кај Бигорскиот манастир, неколку патни правци во прекин

Врнежите од снег и од дожд што ја зафатија Македонија, предизвикаа проблеми во патниот сообраќај.

Автомото-сојузот на Македонија информира дека поради лавина кај Бигорскиот манастир, во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, а поради поголеми одрони на патот Кочани – Македонска Каменица, од село Истибања до браната Калиманци, наместа сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Забрани за движење на тешки товарни возила поради поголеми остатоци од снег на коловозите има на патните правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Пресека, Барбарас и Ѓавато.

Автомото-сојузот на Македонија препорачува до сите возачи да не тргнуваат на пат во ноќните часови доколку немаат итна потреба.

Воздушниот сообраќај се одвива со мали задоцнувања.