fbpx

Претседателот Пендаровски се сретна со британската амбасадорка Галовеј

-

Денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски се сретна со британската амбасадорка Речејл Галовеј со која разговараа за досегашната поддршка од страна на Обединетото Кралство во справување со пандемијата на ковид-19 во различни сектори, политичката соработка меѓу двете земји, трговската размена, како и бројните британски програми за поддршка во Северна Македонија во областа на одбраната, доброто управување и владеење на правото.

„Соговорниците разговараа и за формирањето на новата Влада во контекст на фокусирање кон предизвиците од пандемијата, прилагодувањето на животот на граѓаните кон новата состојба и спроведување на потребните реформи во клучни области со цел продолжување на процесот на европска интеграција, како една од стратешките цели на Северна Македонија“, велат од кабинетот на претседателот.

Оттаму посочуваат дека амбасадорката Галовеј изјавила дека во контекст на соработката во рамки на НАТО, ќе продолжи поддршката од британските колеги на рамноправна основа придонесувајќи кон колективната стабилност и глобалната безбедност.

На средбата исто така амбасадорката Галовеј на претседателот Пендаровски му ја предаде и честитката од Нејзиното Британско Величество Кралицата Елизабета II по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...