fbpx

ЗНМ отвори солидарен фонд за новинарот Томислав Кежаровски

-

Солидарна акција за да му се помогне на семејството на новинарот Томислав Кежаровски почна Здружението на новинари на Македонија. Акцијата ќе трае еден месец и секој новинар или граѓанин кој сака да донира ќе може да го стори тоа на сметката 300000003296484, која е отворена во Комерцијална банка, со цел на дознака „донација за Кежаровски“.

солидарен фонд

– Семејството на Томислав Кежаровски овие две години помина низ пекол. Кежаровски не можеше да работи затоа што беше во домашен притвор, а жена му никаде не можеше да најде работа. Затоа, ние како Здружение, одлучивме да почнеме акција за солидарсност – рекоа од ЗНМ на прес-конференција.

Од ЗНМ велат дкеа изработиле банер што ќе го достават до сите медиуми и се надеваат дека колегита ќе покажат солидарност.

Одговарајќи на новинарско прашање, како ја коментира одлуката на судот да го пушти Кежаровски на условен отпуст, Насер Селмани, претседателот на ЗНМ кажа дека Кежаровски е невин.

– Адвокатот на Кежаровски сè уште го нема добиено решението, а откако ќе го погледнеме, ќе имаме изграден став – одговори Селмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...