Со „Лебедово езеро“ започнува онлајн емитувањето на оперски и балетски претстави од НОБ

-

Вечерва со почеток во 20 часот, со балетската претстава „Лебедово езеро“ од П.И Чајковски започнува онлајн емитувањето на оперски и балетски претстави од Националната опера и балет.

Секој вторник е резервиран за балетска уметност, додека секој петок ќе биде термин за оперските настапи. Преку официјалниот Јутуб канал, публика од целиот свет ќе може да ги следите претставите, а секоја од нив ќе биде достапна и 24 часа по првичното емитување.

„Нашата земја, како и остатокот од светот, доживува многу тешко време, и иако не можеме да настапиме пред публика во живо, ние сме возбудени да ги споделиме нашите претстави дигитално и културно да ја поддржиме нашата публика за време на оваа криза“, велат од Националната опера и балет.

Распоредот за дигиталните премиери може да се види на веб страницата на Националната опера и балет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентското собрание на УКИМ со реакција за зголемените трошоци: Образованието мора да остане достапно за сите

Како Универзитетско студентско собрание, ги разбираме предизвиците со кои се соочува Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во справувањето со трошоците. Меѓутоа, сметаме дека најголемиот дел од овие финансиски...