fbpx

СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите на Јавно обвнителство

-

Од СЈО известија дека се подготвени да ги предадат сите предмети по кои постапуваат до Јавно обвинителство.

„Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство. Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително“, објавија од СЈО на нивната веб-страница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...