Обвинителството бара притвор за четворица поранешни министри за земјоделство

-

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.

Неофицијално, станува збор за поранешните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Кристијан Делев и Љупчо Димовски.

„Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп. Станува збор за досега утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на буџетот во износ од 88.467.607 денари (над 1,4 милиони евра). Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Од денес се укинува забраната за движење во шумите

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) донесе согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште донесена, која беше донесена на 15 јули...