fbpx

ЕК отвори истрага против „Икеа“ поради даночните аранжмани во Холандија

-

Европската комисија (ЕК) отвори истрага против шведската компанија „Икеа“, поради нејзините даночни аранжмани во Холандија, јавуваат светските агенции.

Сомневањата на ЕК се дека два даночни аранжмани кои „Икеа“ ги склучила со холандските даночни власти и овозможиле на компанијата неправедна предност над конкурентите.

Еврокомесарката за заштита на конкуренцијата, Маргрет Вестагер, изјави дека на земјите-членки на Европската Унија не им е дозволено на селективни групи на фирми да им овозможат плаќање на помали даноци од другите фирми.

Таа додаде дека ЕК внимателно ќе го истражи случајот со компанијата „Икеа“.

Според извештајот кој во февруари, минатата година го претстави партијата на Зелените во Европскиот парламент, шведската „Икеа“ благодарение на даночните аранжмани наводно избегнала плаќање на милијарди евра данок во периодот од 2009 до 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...