fbpx

Студентскиот и професорскиот пленум ќе имаат отворено заседание пред Собранието

-

Утре, во 11 часот, пред Собранието, „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“ ќе организираат отворено заседание. На заедничкото заседание ќе се дискутираат прашањата за организирање масовни демонстрации на незадоволство и револт, како и за начинот на организиран отпор кон предложените измени во законот за образование.

Настанот е најавен на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Исто така, утре, на народните избраници ќе им се достават писмата на професорите од Македонија, писмото на странските професори и писмото на студентите со кои се искажуваат аргументите за неприфаќањето на предложените измени и дополнувања на законот за високо образование.

– Отворањето на постапката на пленарна седница на Собранието на Република Македонија, во спротивност со јавно искажаниот став на најзасегнатите од овие промени, за нас е неприфатлив и недемократски чин и затоа најавуваме уште поголема мобилизација и масовно противење на ваквиот начин на носење на одлуките – пишува во образложението на настанот.

Утре на дневен ред на Собранието треба да се најдат измените во Законот за образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...