fbpx

Од повредите во автобуската несреќа починала 68-годишна скопјанка

-

Починатиот патник во автобуската несреќа вчера на автопатот Велес – Скопје, за кој претходно извести Министерството за здравство, е 68-годишната Н.П. од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Увидот на местото на несреќата што вчера го почнал СВР Велес заедно со Основното јавно обвинителство Велес ќе продолжи и денеска, информира МВР.

Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 18.50 часот на 250 метри пред зимскиот пункт на „Македонија пат“. Автобусот „неоплан“ со скопски таблички, сопственост на „Бус Травел“ ДПУ ДООЕЛ Скопје, кој бил управуван од возачот А.Н. (48) од Скопје, излетал од коловозот и слетал во провалија. Во несреќата повреди задобија возачот и сите 27 патници.

Некои медиуми претходно известија дека на едно дете му е ампутирана раката на Клиниката за детска хирургија во Скопје, но од таму велат дека станувало збор за операција, а не за ампутација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...