fbpx

Руските сили уништиле конвој на ИД во Сирија

-

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските воздухопловни сили убиле околу 200 припадници на Исламска држава, кои во голема колона се движеле кон сирискиот град Деир ел Зор.

„Руската воена авијација елиминирала уште еден голем конвој џихадисти на ИД кои биле на патот кон Деир ел Зор, каде се обидуваат да се прегрупираат и да воспостават упориште во Сирија“, соопшти руското министерство.

Како што се наведува, уништени се околу 20 возила со оружје од голем калибар и гранати, како и тенкови и други видови возила.

Министерството наведе дека џихадистите во текот на август се обиделе да ги концентрираат своите сили во истоимената провинција Деир ел Зор.

„Поразот на ИД во регионот Деир ел Зор ќе биде стратешки пораз на оваа меѓународна терористичка група во Сирија“, наведе министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...