fbpx

Жбогар: Договорот со Бугарија е пример како може да реши долгогодишен проблем

-

Евроамбасадорот Самуел Жбогар синоќа го поздрави договорот за добросоедство со Бугарија и истакна дека тоа е пример како две држави можат сами да решат проблем кој постоел многу години.

– Јас морам да го поздравам овој договор затоа што мислам дека е договор кој ќе ги промени односите не само меѓу двете земји, туку и во регионот. Тоа е пример како две држави можат да го решат проблемот што постоел многу години и како можат да го отворат патот за соработка во иднина – рече Жбогар во интервју за ТВ 21.

Во однос на владиниот реформски план „3-6-9“, евроамбасадорот вели дека тоа е само почетен чекор до новата реалност во државата.

– Луѓето мора да видат дека нешто е поинаку. Тие мора да видат промени и во судството. Сите ќе се чувствуваат дека се исти пред судот, дека законот важи еднакво за сите. Овие реформи или план се само почетен чекор кој ќе нè донесе до таа ситуација луѓето да сфатат дека има нова реалност во државата, подобра реалност – рече Жбогар и додаде дека во ЕУ постои оптимизам за евроинтеграцијата на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...