fbpx

Шилегов: Да беше ова амнестија за Груевски, ќе престанеше блокирањето

-

Покажувајќи бел лист од собраниската говорница, пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов, во текот на денешното продолжение на конститутивната седница, им се обрати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, велејќи „Ова ве боли“.

– Вам, од ВМРО-ДПМНЕ, не ви се битни Уставот и деловникот, туку овој бел лист. Ако на него пишуваше амнестија на Никола Груевски, сè ќе престанеше од ваша страна. Внимавајте што правите, не правете срам од себе, не завршува животот со падот на Никола Груевски. Не бранете го – рече Шилегов.

Претходно, образложувајќи го предлогот на 10 пратеници од СДСМ да се смени дневниот ред, па третата точка, односно избор на Комисија за избори и за именувања, да се разгледува по четвртата точка, избор на претседател на Собранието, тој ги покажуваше Уставот на Република Македонија и деловникот на Собранието и бараше Вељаноски да го стави на дневен ред.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...