fbpx

Потврдена е дводневната посета на Ердоган на Москва

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва на 9 и 10 март, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Потврдувам. Планирани се преговори – рече Песков.

Односите на двете земји се нарушени откако турски борбени авиони соборија руски бомбардер за време на мисија во Сирија во ноември 2015 година. Пилотите се катапултирале, но еден од нив беше убиен од милитантите кои го заробија по падот.

Русија воведе серија економски санкции против Турција како договор на овој инцидент. На Москва и на Анкара им беа потребни повеќе од година дена да ги поправат односите.

Ердоган на крај испрати писмо во кое му се извини на Путин и рече дека Русија е „пријател и стратешки партнер“ на Анкара.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...