fbpx

Очекуваме Трамп да не ги повтори грешките на претходникот, рече Лавров

-

Москва се надева дека администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп нема да ги повтори грешките на својот претходник, кои ги уништија билатералните односи меѓу Русија и САД, рече во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Секако, позитивни сме во врска со намерата на Трамп да развие соработка меѓу двете земји, која ја покажа за време на претседателската кампања – рече Лавров.

Тој додаде дека Русија секогаш е отворена за искрен и прагматичен дијалог со САД, за сите глобални и билатерални прашања на база на принципот на заемно почитување и еднаквост, а земајќи ги предвид интересите на едната и на другата страна и немешајќи се во внатрешните работи, рече Лавров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...