fbpx

Андонов побара оставка од Спасовски

-

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, побара оставка од министерот Оливер Спасовски бидејќи, според него, Спасовски креирал криминално-полициска местенка за дискредитација на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои, нагласи Андонов, веќе настрадал дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.

– Имав средба со еден искусен новинар и бев запрепастен дека сме следени од лица кои се поставени од Спасовски. Истиот новинар тоа го посочи на социјалните мрежи. Беше следен и Спасов, за кој беше изрежиран инцидент. Од која причина и со која цел, дали во врска со активностите има поведено процедура за истражни постапки или тоа го прави по налог на менторот Зоран Заев? – праша Андонов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...