fbpx

Европратеничката Фајон се сретна со Заев и со Јанева

-

„Морам да кажам дека давам целосна поддршка на идејата за подобар живот во Македонија. Денеска имавме одлични разговори со господинот Зоран Заев и нашата соработка досега е навистина добра“, изјави Тања Фајон, пратеничката во Европскиот парламент и заменик-претседателка на групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во парламентот, по денешната средба со лидерот на СДСМ во Скопје.

Како што во партиското соопштение се посочува, европратеничката додала дека денеска, покрај средба со Зоран Заев, имала и, како што рекла таа, интересна средба со специјалната обвинителка Катица Јанева. За работата на СЈО, Тања Фајон изразила целосна поддршка.

– Разговарајќи со многу луѓе во Македонија, гледам дека на оваа држава ѝ е потребна промена и подобар живот, особено за младата генерација. Гледам многу млади луѓе кои ја напуштаат државата. Гледам лоши економски односи. Гледам лоши услови во здравството. Затоа е многу потребно да се направи промена – истакнала Фајон.

Европарламентарката изразила длабока надеж дека во Македонија ќе има фер, слободни и демократски избори. Таа додаде дека меѓународната заедница, вклучувајќи ги и европските пратеници, одблизу следи што се случува во предизборниот период, но и текот на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...