fbpx

СЈО утре со детали за новата истрага „Трезор“

-

Специјалното јавно обвинителство отворило нова истрага која носи работен назив „Трезор“ и за која детали ќе соопштат на прес-конференција утре во 10 часот.

– Ве известуваме дека утре, со почеток во 10 часот, во просториите на ова јавно обвинителство ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде презентирана новата истрага, која носи работен назив „Трезор“ – информираат од СЈО.

На последната прес-конференција на 15 септември, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го презентираше шестмесечниот извештај на институцијата, а обвинителката Фатиме Фетаи ги презентираше првите две обвиненија. Едното обвинение се однесува на уништувањето документација поврзана со опремата од нелегалното прислушување, а второто за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...