fbpx

Почината штипјанка седум години „гласа“ на избори

-

При проверка на една од адресите за спорни гласачи што Државната изборна комисија вчера јавно ги објави, екипа на регионалната телевизија „Стар“ откри жена почината пред седум години од центарот на Штип која сè уште има право на глас.

Сопругот на починатата Павлина Тренева пред камерите беше затечен.  Изјави дека не знаел дека неговата сопруга сè уште се наоѓа на списокот на гласачи.

– Не, не знаев. Никој не ми кажал – изјави сопругот на Тренева, кој рече дека никогаш не бил посетен од претставник од ДИК.

Од списокот за проверка од Источна Македонија најголем дел спорни гласачи се со адреса во Штип. Имено, од 542 сомнителни гласачи од овој регион, на списокот се наоѓаат 315 имиња од Штип. Поголемиот дел се со адреси во станбени згради.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...