fbpx

Меркел: Запрете го крвопролевањето во Турција

-

Германската канцеларка Ангела Меркел го осуди обидот за државен удар во Турција и рече дека Берлин стои со оние кои ја бранат демократијата и владеењето на правото во Турција.

– Трагично е што толку многу луѓе страдаа за време на обидот за пуч. Крвопролевањето во Турција мора да се запре веднаш – рече Меркел на прес-конференција во Берлин.

Германската канцеларка наведе дека турскиот народ има право да го избере својот политички лидер на слободни избори и дека политичките промени треба да се остварат единствено во рамките на политичките институции и според правилата на демократската конкуренција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Граната за која се претпоставува дека е од Првата светска војна вчера била однесена во полициската станица во Берово, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), предупредувајќи дека ваквата...