fbpx

Ахмети: Македонските партии да го надминат единственото отворено прашање

-

Политичките партии од македонскиот блок треба да го надминат единственото отворено прашање меѓу нив за да се олесни постигнувањето на договорот што е можно поскоро, истакнал лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, на денешната средба со италијанскиот амбасадор во земјава, Масимо Белели.

Ахмети и Белели, како што информираат од ДУИ, на средбата разговарале за последните случувања во преговарачкиот процес за решавање на политичката криза и за „отворање на патот за одржување на сеопфатни избори“.

Ахмети го повторил ставот на ДУИ дека датумот за изборите треба да се утврди откако политичките партии ќе проценат дека се исполнети условите за веродостоен изборен процес.

Италијанскиот амбасадор, велат од партијата, високо ја оценил улогата на ДУИ во преговарачкиот процес и изразил уверување дека „овој придонес ќе продолжи и во надминувањето на последното отворено прашање“.

Според неофицијални информации, партиите не можат да постигнат договор околу ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...