fbpx

Викторија Нуланд утре во Скопје ќе се сретне со политичките лидери и со граѓанскиот сектор

-

Помошникот државен секретар на САД за европски и за евроазиски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе допатува во Скопје. Предвидено е таа да се сретне со политичките лидери и со претставници на граѓанското општество, со кои ќе разговара за билатерални и за регионални прашања, како и за потребата од решавање на политичката криза, поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство и од создавање услови за веродостојни избори.

Нуланд денеска ја почна регионалната турнеја во Косово. Според соопштението од канцеларијата на косовскиот претседател Хашим Тачи, Нуланд побарала од лидерите зацврстување на владеење на правото, судскиот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Таа, исто така, од Приштина побарала и да го продолжи дијалогот со Белград и да ја одобри демаркацијата на границата со Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...