fbpx

(ВИДЕО) Авганистан: Застрелана птица-бомба

-

Авганистански полициски снајперист застрелал необична птица која летала над автопатот во провинцијата Фариаб, а која на својот грб имала антена, експлозив и електронска направа.

– Птицата експлодирала откако полицијата ја застрелала, распрскувајќи „сомнителни метални објекти“ – соопшти шефот на полицијата Абдул Наби Илхам.

Полицијата сè уште ги истражува остатоците од птицата, но веќе успеале да ја идентификуваат ГПС-направата и малата камера, која била поставена на грбот на птицата.
Птицата првично била забележана во соседната област, во која талибанците се особено активни. Истражувачите шпекулираат дека птицата била тренирана за набљудувачки мисии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Успешно одржана првата работилница за прибанкинг во државата

Од 15-17 мај во Охрид се одржа првата работилница за „Прибанкинг“ (prebunking) во С. Македонија, на која десетина млади учесници се запознаа со различни видови превентивни стратегии за спречување...