fbpx

Вонредна состојба во Алберта

-

Канадските власти прогласија вонредна состојба во провинцијата Алберта, откако поради пожарот во градот Форт Мек-Муреј се евакуирани 88.000 лица.

Претставниците предупредуваат дека огнот и понатаму се заканува да уништи дел од градот и оти следните 24 часа се од пресудно значење.

Пожарот изби во неделата, во предградие на Форт Мек-Муреј, зафаќајќи ја шумата. Потоа следуваше и најголемата евакуација во историјата на Канада, бидејќи е евакуиран цел град. Нафтените компании, кои работат во околината, биле присилени да го намалат производството, за да го ублажи ризикот од поголема катастрофа.

Засега нема податоци за евентуални жртви, но поради силниот ветер, постои опасност пожарот да го зафати целиот град.

Канадскиот премиер, Џастин Трудо, испрати воени авиони да помогнат во гаснењето на пожарот, а во меѓувреме е прогласена вонредна состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...