fbpx

Бедредин Ибраими од ДИК го одби помилувањето на Иванов

-

Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија од ДПА, денеска на прес-конференција рече дека нема никаква причина претседателот Ѓорге Иванов да го помилува за дело за кое никој не го гони.

– Против мене СДСМ како партија поднесе кривична пријава за мојата одлука да гласам за поништување на гласањето на три избирачки места во општина Струмица на локалните избори. Бев повикан во Основното обвинителство, а пред два месеци и во Специјалното обвинителство и таму дадов исказ. И двете обвинителства досега не ме известиле ниту, пак, искажале интерес да ме гонат. Одлуката за мое помилување за дело кое не постои е беспредметна и бесмислена – рече Ибраими.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...