fbpx

ВМРО-ДПМНЕ за „Фридом хаус“: Провидно сценарио на СДСМ и на Соросовите инсталации

-

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денеска објавениот извештај на „Фридом хаус“. Од владејачката партија велат дека „како што се ближат изборите, очајот на СДСМ станува сè поочигледен“.

„СДСМ ниту има понуда, ниту има програма ниту, пак, конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните. Затоа, единствениот излез од партијата го гледаат во одработувањето на невладините организации. Тоа покажува колку СДСМ го потценува сопствениот народ и сопствената држава. Граѓаните јасно ги видоа недемократските капацитети на СДСМ. Во извештаите на „Фридом хаус“ нема ни збор од недемократските и тоталитарните вредности на СДСМ и на бандата околу Зоран Заев, што е очекувано. „Фридом хаус“ е финансирана од Сорос и своите извештаи ги пишува и ги базира само на мислењето на соросовите платеници од бандата на Милчин, кои се инсталирани како кукавичко јајце во граѓанскиот сектор во Македонија“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата на власт, граѓаните ваквите провидни сценарија на СДСМ и на Соросовите инсталации одамна ги имаат прочитано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...