fbpx

Католиците го слават Велигден

-

Христијанските верници кои го почитуваат Грегоријанскиот календар денеска го слават Велигден, најголемиот христијански празник кој го слави воскресението на Исус.

Според христијанските верувања, воскреснувањето се случило три дена по неговата смрт.

Синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа традиционалната велигденска воскресна литургија, на која присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев.

Годинава католиците го обележуваат Велигден на 27 март според Грегоријанскиот календар, додека православните, кои верските празници ги слават според Јулијанскиот календар, празникот ќе го обележат на 1 мај. Разликата меѓу таканаречениот католички и православен Велигден годинава изнесува 35 дена.

По повод празникот, честитка до граѓаните од католичка вероисповед од испратија претседателот Иванов, претседателот на Собранието, Вељаноски, како и политичките партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...