fbpx

Јакимовски ќе му поднесе кривична пријава на Спасовски

-

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе поднесе кривична пријава против техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ.

– Наспроти „тра-ла-ла“ кривичната пријава што ми ја поднесе министерот за внатрешни работи за собирот со кој го одбранивме Уставниот суд, ГРОМ, исто така, му одговара на министерот за внатрешни работи со кривична пријава. Нивната кривична пријава, за разлика од нашата, беше поднесена во очај. Нас, пак, не нè обзеде никаков триумфализам и, напротив, во една сталожена, тридневна консултација со правни експерти, одлучивме да ја поднесеме кривичната пријава против министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, и тоа за повреда на Кривичниот закон со злоупотреба на службена положба и овластување и за прекршување на Законот за спречување на судир на интереси – рече Јакимовски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...