fbpx

Канада ќе ги отвори вратите за бегалците и од други делови на светот

-

Канадската влада планира годинава да прими меѓу 51.000 и 57.000 бегалци, соопшти канадскиот министер за имиграција, Џон Макалум.

– Нашиот план не е само да примиме сириски бегалци во Канада во текот на 2016 година, туку исто така уште повеќе да ги отвориме вратите за бегалците од другите региони во светот – рече Макалум, претставувајќи ги новите бегалски квоти за годинава.

Тој соопшти дека целта е да се примат меѓу 280.000 и 305.000 лица, кои ќе добијат постојан престој во земјата до крајот на годината и додаде дека тоа е околу седум отсто повеќе во споредба со минатата година.

Канада во последните три месеци прими повеќе од 26.000 сириски бегалци, што беше дел и од изборното ветување на премиерот Џастин Трудо.

Според статистичките податоци на министерството за имиграција, во моментот се процесираат барања за уште 12.000 бегалци од Либан, Јордан и од Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“. Директорката...