fbpx

МВР вчера издало потврди на 1.837 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.837 мигранти. Според податоците на МВР, од нив 754 се мажи, 392 жени и 691 се деца што го придружуваат носителот на потврдата.

Најголем дел од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди се државјани на Авганистан, односно 741, од Сирија се 690, а од Ирак се 406 лица.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 50.211 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 438.444 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...