Во ноември 2015 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 13,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.981.924.000 денари, што е за 66,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 201 се наменети за објекти од високоградба, 36 за објекти од нискоградба и 81 за објекти за реконструкција.
Од вкупно 318 објекти, на 221 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 539 станови со вкупна корисна површина од 43.785 квадратни метри.