fbpx

Иако ги одобри, Светска банка по изборите ќе ги даде парите за општините

-

„Со оглед на изборниот циклус во Македонија, вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2) ќе стапи на сила и повлекување на средствата ќе почне по завршувањето на претстојните парламентарни избори“, известија од Светска банка, иако нејзиниот одбор на извршни директори го одобри заемот на Меѓународната банка за обнова и развој (МБОР) од 25 милиони евра за овој проект.

Проектот има цел да ги подобри транспарентноста, финансиската одржливост и инклузивноста во обезбедувањето на општинските услуги во целата земја.

Овој проект треба да обезбеди подзаеми на општините за инфраструктурни инвестиции, како што се снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрувања во енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет која влијае врз добросостојбата на жителите и на ефикасноста на услугите.

МСИП2 е финансиран преку заем на Светска банка од 25 милиони евра со рок на доспевање од 18 години, вклучително и 5 години грејс-период.

Сите општини имаат право и се поттикнуваат да учествуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...