fbpx

Вчера издадени потврди на 1.359 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.359 мигранти. Според државјанството, 595 од мигрантите биле од Сирија, 442 од Авганистан и 322 лица од Ирак.

Според МВР, вчера до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 17.167 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 405.400 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна...