fbpx

ЕУ не бара Србија да воведе санкции против Русија

-

Европскиот комесар за претпристапни преговори, Јоханес Хан, денеска, во Брисел, по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, потврди за јавноста дека Европската комисија не побарала од Белрад да наметне санкции против Русија, како што тоа го сторија земјите-членки на ЕУ, ниту, пак, гo поврзува отворањето преговори за членство на Србија со такво барање.

Дачиќ, пак, додаде дека неотворањето нови поглавја во прегворите сo Европска Унија се должи на блокада од некои земји-членки, како Германија, кои не сакаат тоа да се случи „сè додека не се отворат поглавјата 35, 23 или 24“.

Србија се надева наскоро да го отвори поглавјето 35, кое се однесува на финансиската контрола. Министерот потврди дека прашањето не е поврзано со Русија, за разлика од „тоа што го пишуваат некои српски медиуми“.

Српскиот министер одговори на прашање од албанска новинарка за минатонеделните заеднички воени вежби на руската и на српската војска недалеку од косовската граница, велејќи дека тоа нема да има влијание врз односите со Косово.

– Србија е воено неутрална земја за разлика од Албанија. Србија не припаѓа на ниту еден пакт, но има воена соработка со сите и имала воени вежби и со САД и со многу други војски во светот, вклучително и со руската. Нема причина односите со Москва да се злопотребуваат на таков начин – рече тој.

Србија ќе биде првата држава што ќе ја посети новиот еврокомесар за претпристапни преговори идниот четврток.

Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...