fbpx

Кина го промовираше првиот патнички авион

-

Вчера во Шангај беше претставен првиот голем кинески патнички авион, „C919“, кој може да превезува 168 патници.

На големото претставување, пред околу 4.000 официјални и високи државни претставници, пред јавноста беше презентиран првиот кинески патнички авион. Кинескиот „С919“ е замислен како вистински конкурент на „ербас А320“ и на „боинг 737“, кој може да превезува 168 патници на  лет долг 5.555 километри.

Овој авион го разви и изработи компанијата која е во сопственост на државата, „Комершал еркрафт корп“, од каде порачуваат дека во моментот имаат 21 купувачи кои нарачале изработка на вкупно 517 вакви авиони.

„Кинеската индустрија на авионски превоз не може да зависи само од увоз. Вака голема нација мора да има свој комерцијален авион“, изјави Ли Џиаксианг, кинескиот министер за цивилен воздухопловен сообраќај.

„С919“ својот прв пробен лет најверојатно ќе го направи следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...