fbpx

СДСМ: Поради системот на Груевски, од Македонија си заминале повеќе од 600.000 граѓани

-

Поради системот на Никола Груевски, а според податоците на Светска банка, од Македонија си заминале повеќе од 600.000 граѓани, најголем дел млади, обвини СДСМ.

„Системот на Никола Груевски донесе голем економски пад, сиромаштија, блокирани фирми, нееднаквост, партизирани институции, нефункционален здравствен систем, недемократски амбиент, задушени слободи и права на граѓаните. Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка. Тоа се повеќе од 21.000 домашни фирми, кои поради системот на Груевски не можат да работат. Единствени „отворени врати“ во „системот“ на Никола Груевски има за криминалот и за корупцијата во врвот на власта, кој со години цвета, а партизираните институции воопшто не постапуваат“, пишува во соопштението на опозицијата.

Од СДСМ додаваат дека хибриден режим е најдобра дефиниција за системот на Груевски, кој ја уназади Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...