ИД ја презеде вината за уривање на рускиот авион, Русија демантира

Исламска држава ја презеде вината за уривање на рускиот авион кој утринава полетал од Шарм ел Шеик, а превезувал повеќе од 200 патници кои го изгубија животот во несреќата. Министерството за транспорт на Русија, пак, ја демантира оваа информацијa.

„Сега во различни медиуми се појавува информација дека рускиот патнички авион, кој летал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург, е соборен со антиавионска ракета, истрелана од терористи. Оваа информација не може да се смета за веродостојна“, рече министерот за транспорт, Максим Соколов.

Тој истакна дека Русија работи во тесен контакт со египетските колеги, воздухопловните власти на земјата и дека во моментот тие немаат никакви докази кои можат да ги потврдат овие информации.