fbpx

Путин: Операциите на меѓународната коалиција во Сирија се без резултати

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека воената операција на меѓународната коалиција, предводена од САД, во Сирија, не дава никакви резултати.

Путин предупреди дека оружјето што Вашингтон го доставува во Сирија би можело повторно да се најде во рацете на терористите.

– Сега соопштија дека од авион ја снабдуваат со оружје Слободната сириска армија. Каде е таа Слободна сириска војска? Нема ли тоа оружје повторно да се најде во рацете на Исламска држава, како што веќе се случи? Кој гарантира? – истакна Путин.

Рускиот претседател оцени дека акциите на официјална Москва во Сирија се „во строга согласност“ со Повелбата на ОН и со меѓународното право, што не е случај со коалицијата предводена од САД, која дејствува без резолуција на Советот за безбедност на ОН и барање од сириските власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...