fbpx

Руски авиони во турскиот воздушен простор

-

Руски борбени авиони во саботата влегле во турскиот воздушен простор, поради што Турција испратила два авиона, тип „ф-16“ да ги пресретнат, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата.

Турското министерство го повикало на разговор рускиот амбасадор за да му врачи протест поради нарушување на воздушниот простор, стои во соопштението.

Официјална Анкара ја повика Москва да избегне повторување на ваквите ситуации или ќе биде „одговорна за секој несакан инцидент што може да се случи“.

Шефот на турската дипломатија, Феридун Синирлиоглу, разговарал со својот руски колега, Сергеј Лавров, и со партнерите од НАТО, се додава во соопштението.

Русија минатата недела почна воздушни напади во Сирија против противниците на претседателот на Башар ал Асад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...