fbpx

Владата ќе гради старечки дом за пензионери со мали пензии

-

Владата планира изградба на нов дом за стари лица, односно за лица чии пензии се толку ниски што не може да бидат прифатени во приватните старечки домови, изјави премиерот Никола Груевски при денешната посета на Клиниката за гинекологија.

– Сакаме да помогнеме да се зголеми капацитетот на државните старечки домови, но не сакаме да им бидеме конкуренција на приватните. Од една страна, тие помогаат со згрижување стари лица кои имаат потреба од такви домови, а од друга страна, не ја вршат работата за тие пензионери што имаат пониски пензии и немаат имот. Нашата одлука е да почнеме градба на нови старечки домови, прво во Скопје, а потоа и во други градови во Македонија, кои ќе ги згрижуваат лицата што не можат да бидат прифатени во приватните домови – истакна Груевски.

Тој додаде дека ќе бидат внимателни, бидејќи, како што посочи, како Влада, сакаат да се развие и приватниот сектор.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавена е програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и Србија, како и дваесетина домашни поети ќе бидат дел од годинешното, четврто издание на Скопскиот поетски фестивал што ќе се одржи...