fbpx

Судот одреди 30 дена притвор за дадилката што тепаше бебе

-

Триесетдневен притвор за дадилката, за која постои сомневање дека малтретирала деветмесечено бебе, одреди Основниот суд Скопје 1.

Случајот беше обелоденет вчера попладне, кога Обвинителството соопшти дека се води истражна постапка против скопјанка која била ангажирана да чува бебе.

Родителите на деветмесечното бебе ја ангажирале пред пет месеци, но се посомневале дека жената го малтретира нивниот син кога забележале модринки по неговото тело.

По соопштението на Обвинителството, тетката на бебето на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видеозапис од скриена камера што ја поставил таткото на бебето, на кое се гледа како дадилката наместо да го чува, го малтретира бебето.

Адвокатот на дадилката, Ванчо Митев, на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека начинот на кој се прибавени доказите е незаконски и дека очекува судот да ги издвои снимките.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...