fbpx

На плоштадот Македонија се поставуваат канделабри

-

Плоштадот Македонија го добива финалниот изглед, па во таа насока попладнево на партерот се поставуваат канделабри.

Минатиот месец, официјално беше пуштена во употреба новата, површинска фонтана на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот на Камениот мост.

Проектот за изградба на површинската фонтана и за реконструкција на партерот на плоштадот Македонија е на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп, а на терен работеа екипите на градежната компанија „Трансмет“ од Скопје. Овој проект, според најавите, чини околу 150 милиони денари, од кои Град Скопје обезбеди една третина, а Владата на Република Македонија – две третини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...