fbpx

Шведска се повлекува од истрагата против Асанж

-

Шведското обвинителство денеска официјално објави дека се повлекува од истрагата за сексуална злоупотреба против основачот на „Викиликс“ , Џулијан Асанж, поради застареност на случајот.

На обвинителите денеска им истекува рокот за неговото испрашување во врска со силувањето, додека рокот за испрашувањето во врска со секлсаулна злоупотреба истекува на 18 август.

Австралискиот новинар и активист ги негираше сите обвинувања, наведувајќи дека тоа е дел од валкана кампања. Од 2012 година тој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде бараше азил кога Шведска побара негова екстрадиција.

Во согласност со шведските закони, обвинение против него не може да биде покренато без претходно испрашување.

Асанж наведе дека побегнал во амбасадата на Еквадор затоа што се плаши дека Шведска ќе го испорача на САД поради објавувањето на тајните воени и дипломатски документи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...